20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватска остана без еден бод и 100.000 евра

Хрватска остана без еден бод и 100.000 евра

kukast-krst-hrvatska-sport

Дисциплинската комисија на УЕФА, на чело со Австриецот Томас Партл, ја казни хрватската репрезентација со одземање на еден бод поради случајот со кукастиот крст на стадионот „Пољуд“, пред квалификацискиот меч со Италија.

Комисијата која случајот го разгледа во четвртокот покрај одземањето на бодот, одреди Хрватска два натпревара да игра пред празни трибини и да плати казна од 100.000 евра.

И покрај одземениот бод Хрватска остана лидер на табелата во Х групата со 13 бодови, еден повеќе од Италија и три од Норвешка.

Наредниот квалификациски натпревар Хрватска ќе го одигра на 6.септември кога ќе гостува во Норвешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП