23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерпероглу две години во Барселона

Перпероглу две години во Барселона

peperoglu 02

Грчкиот кошаркарски репрезентативец Стратос Перпероглу потпишал двегодишен договор со Барселона, потврди на својата интернет страница каталонскиот клуб.

Препероглу минатата сезона во Евролигата, во дресот на Анадолу Ефес, имал просечен учинок од 9,8 поени, 3,7 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

Во кариерата тој има настапувано и за Пaнатинаикос, Олимпијакос и Паниониос.

Барселона по завршувањето на минатата сезона, во која не освои ниту еден трофеј, реши да направи целосна реконструкција на тимот, Перпероглу е петтиот нов играч во ростерот на каталонскиот тим.

Претходно Барса ги донесе Муса Диане, Шејн Лавал, Самард Самуелс и Карлос Аројо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП