
Фудбалерите на Вардар одбраната на шампионската титула во новата сезона ќе ја започнат во дуелот со новиот прволигаш Шкупи 1927.


Фудбалерите на Вардар одбраната на шампионската титула во новата сезона ќе ја започнат во дуелот со новиот прволигаш Шкупи 1927.
Сезоната 2015/2016 во фудбалскиот шампионат на Македонија ќе започне на 9-ти август.
Покрај дуелот Вардар-Шкупи, во премиерното коло уште ќе се одиграат натпреварите Шкендија-Младост Царев двор, Металург-Силекс, Брегалница-Работнички и Хоризонт-Ренова.
Првото големо дерби во сезоната е закажано за 16-ти август, кога ќе се сретнат најсериозните кандидати за осовјување на титулата Шкендија и Вардар.