4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпортски викенд „Илинден 2015“

Спортски викенд „Илинден 2015“

илинден999

Со традиционалниот спортски викенд „Илинден 2015“, Општина Илинден викендов ќе го одбележи денот на општината.

Под мотото „Ние навиваме за Македонија“ по седми пат ќе се одржи традиционалниот спортски викенд, на кој ќе учествуваат повеќе од 800 спортисти коишто ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: велосипедизам, шах, фудбал, кошарка, тенис и штафетно трчање.

Централно место на Спортскиот викенд ќе има професионалната велосипедска трка во должина од 100 километри „Трофеј Илинден 2015”, којашто е влезена во календарот на велосипедски трки на Велосипедската федерација на Македонија и се бодува за Купот на Македонија. „Трофеј Илинден 2015” има интернационален карактер, бидејќи на оваа трка настапуваат велосипедисти од повеќе држави.

Стартот на годинашната трка е закажан за 26-ти јули (недела) во 16 часот пред Спортската сала „Гоце Делчев“, каде што е и целта, а се возат четири круга низ населените места на Општина Илинден, Илинден, Марино, Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино.

Патеката е кружна, а должината на еден круг е 25 километри. Се очекува да настапат 75 велосипедисти кои ќе се натпреваруваат во повеќе категории, мастерс, кадети, јуниори, жени и елит.

На професионалната велосипедска трка „Трофеј Илинден“, како и секоја година, ќе и претходи велосипедска трка за рекреативци во должина од пет километри, на која можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани, независно од возраста.

Во рамките на Спортскиот викенд „Илинден 2015“, во соработка со Шаховската федерација на Македонија ќе се одржи турнир во шах, во соработка со Тениската федерација на Македонија, турнир во тенис, потоа турнир во голем фудбал што се реализира во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз, турнир во кошарка, а значајно место на Спортскиот викенд зазема и штафетното трчање, на кое се очекува да се натпреваруваат над 200 ученици во штафетното трчање, во трките на 200, 400, 600 и 4Х800 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП