Американецот Марди Фиш објави дека Отвореното тениско првенство на САД ќе биде неговиот последен турнир во професионалната кариера.
33-годишниот Фиш, од август 2013 година има одиграно само еден меч, бидејќи се сочувал со психички проблеми поради здравствените проблеми со срцето.
Фиш ќе го искористи заштитениот пласман за да избори место во главната фаза на турнирот. Инаку неговиот менаџер Џон Тобајас рекол дека Фиш пред УС Опен ќе настапи на турнирите во Атланта, Вашингтон и Синсинати.
Марди Фиш во моментов се наоѓа на 1.043 место на АТП листата, а најдобриот пласман му е шестото место на кое се најде во август 2011-та година. Фиш во кариерата има освоено осум титули, носител е на сребрен медал на ОИ во Атина, а на Грен слем турнирите три пати играл во четвртфиналето.