20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТелетовиќ нема да игра на ЕП

Телетовиќ нема да игра на ЕП

Mirza-Teletovic

Најдобриот кошаркар на Босна и Херцеговина, Мирза Телетовиќ, соопшти дека нема да настапи на претстојното Европско првенство.

На прес конференција, Телетовиќ, истакнал дека неговиот нов клуб во НБА лигата, Феникс Санс, побарал од него да го пропушти ЕП, со цел целосно подготвен да ја дочека новата сезона.

Крилниот центар, минатата сезона долго отсуствуваше од кошаркарските терени поради белодорбната емболија.

„Жалам што нема да играм, се борев за да играме на Европското првенство. Се надевам дека бргу ќе се вратам во репрезентацијата и дека во наредните репрезентативни натпревари ќе бидеме комплетни. Секогаш бев тука кога и требав на репрезентацијата, но годинава имав здравствени проблеми и знаев дека вака ќе заврши“, истакнал меѓудругото Телетовиќ.

Покрај Телетовиќ за Босна и Херцеговина нема да настапи и вториот НБА играч, Јусуф Нуркиќ, додека под знак прашалник е и настапот на Нихат Ѓедовиќ, кој неодамна пасошот на БиХ го сменил со оној на Германија.

Босна и Херцеговина на ЕП ќе игра во А групата заедно со Франција, Русија, Финска, Полска и Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП