Роџер Федерер маркетиншки е најпривлечниот активен светски спортист, според истражувањето на лондонската школа за маркетинг.
Истражувањето е спорведено според присуството кое спортистите го имаат во медиумите, а во предвид биле земени и годишните приходи кои ги имаат од спонзорските договори и воопшто нивната заработувачка.
На листата на 20-те маркетиншки најпривлечни спортисти најмногу доаѓаат од светот на тенисот, покрај Федерер тука се Новак Ѓоковиќ, Рафа Надал, Марија Шарапова, Енди Мареј, Кеи Нишикори и Серена Вилијамс.
1. Роџер Федерер – тенис
2. Тајгер Вудс – голф
3. Фил Микелсон – голф
4. Леброн Џејмс – кошарка
5. Кевин Дурент – кошарка
6. Рори Мекилрој – голф
7. Новак Ѓоковиќ – тенис
8. Рафаел Надал – тенис
9. Мехендра Синг Дони – крикет
10. Кристијано Роналдо – фудбал
11. Коби Брајант – кошарка
12. Марија Шарапова – тенис
13. Лионел Меси – фудбал
14. Јусеин Болт – атлетика
15. Нејмар – фудбал
16. Енди Мареј – тенис
17. Кеи Нишикори – тенис
18. Дерик Роуз – кошарка
19. Флојд Мејведер – бокс
20. Серена Вилијамс – тенис.