22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМлекара Здравје Радово секој месец со 10% раст на продажба на јогуртот

Млекара Здравје Радово секој месец со 10% раст на продажба на јогуртот

PR_Jogurt_10 posto mesecen porast

Надвор од очекувањата и проекциите за оваа година, Млекара Здравје Радово ја информира јавноста и своите ценети потрошувачи дека Јогуртот Здравје со 3,2 и 1,5% масленост овие месеци ги соборуваат рекордите во продажба. Шест месеци нананазад е забележен постојан месечен пораст во просек од 10% што значи дека секој месец Јогуртот Здравје, покрај постоечките го конзумираат и нови консументи.

„Причината за евидентно големиот пораст на Јогуртот според нашата компанија се должи на неколку причини. Стандардниот и постојан квалитет создаден од 100% домашно млеко, добиено од строго контролирано и внимателно одбрани фармери, но и од беспрекорната техника на производство, пакување и брза дистрибуција до крајниот потрошувач, со што се овозможува нашите консументи секогаш на своите трпези да имаат свеж јогурт. Тука мораме да ја истакнеме и се поголемата навика кај граѓаните во својата редовна исхрана да го вклучуваат јогуртот. Важно е да се напомене дека и покрај општото правило дека без јогурт нема здрава и балансирана исхрана, потрошувачите мора да внимаваат каков јогурт консумираат“ – вели Јован Дабески – генерален менаџер во Млекара Здравје Радово.

Jogurt_pakuvanje

Порастот на продажба на јогуртот Здравје не е само успех за Млекарата велат од компанијата. Се поголемото користење на јогуртот, особено во лето, кога телото дехридира и му се потребни балансирани и хранливи течности, зголемената продажба на јогуртот е и успех во свесноста кај потрошувачите сепочесто да го вклучуваат јогуртот во секојдневната исхрана. Од компанијата наскоро најавуваат проширување на палетета на јогурти кои ќе го збогатат ионака големото портфолио на производи на Млекара Здравје Радово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП