ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го потврди трансферот на Видал

Баерн го потврди трансферот на Видал

vidal baern 33

Досегашниот фудбалер на Јувентус, Чилеанецот Артуро Видал, наскоро ќе го официјализира трансферот во минхенски Баерн, потврди извршниот директор на германскиот клуб, Карл-Хајнц Румениге.

„Можам да потврдам дека со двете страни – со играчот и со Јувентус, постигнавме договор. Останува уште само Видал да ги мине медицинските прегледи и да го потпише договорот“, рекол Румениге.

Видал во Баерн ќе ја пополни празнината која во тимот настана по заминувањето на Бастијан Швајнштајгер во Манчестер Јунајтед.

Видал (28) од 2011-та година играше за Јувентус, за „старата дама“ на 124 натпревари постигнал 35 голови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП