19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолд куп: Јамајка и Мексико ќе се борат за титулата

Голд куп: Јамајка и Мексико ќе се борат за титулата

jamajka 033

Фудбалските репрезентации на Јамајка и Мексико ќе играат во финалето на Голд купот, континеталното првенство на Северна и Средна Америка и Карибите кое се одржува во САД.

Репрезентацијата на Јамајка приреди првокласна сезнација со победата над домаќинот и бранителот на титулата САД (2:1), додека Мексико славеше уште една контроверзна победа, со два пенали Мексиканците ја елиминираа Панама (2:1).

На стадионот во Атланта, Јамајка упати три удари во рамките на голот на САД од кои два завршија во мрежата. Најпрвион Матокс го отвори резултатот, а потоа предноста на ’реге бојс’ ја зголеми Барнс.

На стартот од второто полувреме Бредли ја намали предноста на Јамајка. До крајот Американците напаѓаа, Бредли ја погоди и стативата, но резултатот остана непроменет.

Јамајка се избори за своето прво финале на Голд купот, а противник ќе и биде Мексико кој ќе се бори за 10-та титула.

Мексиканците со огромна судијска помош славеа над Панама. Панамците играа со играч помалку од 24-та минута поради црвениот картон на Тахедо. Сепак Торес во 56-та минута постигна гол за водство.

Во моментите кога се чинеше дека Панама ќе игра во финалето, судијата Гајгер досуди сомнителен пенал за Мексико. Прецизен од белата точка во 89-та минута беше Гуардадо.

Истиот играч беше прецизен од пенал и во 105-та минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП