Самардо Самјуелс и Карлос Аројо од наредната сезона ќе го носат дресот на кошаркарскиот клуб Барселона.
Јамајканецот Самјуелс со Барса потпишал двегодишен договор, тој во претходните две години беше дел од тимот на Армани Милано.
Минатата сезона Самјуелс во Евролигата во просек по натпревар имал учинок од 11,3 поени и 4,6 скока.
Поротриканецот Аројо со Барселона договорил едногодишна соработка од која ќе инкасира 900.000 евра.
35-годишнот Аројо по пауза од неколку месеци повторно се враќа во Европа, откако во вториот дел од минатата сезона го раскина договорот со Галатасарај. Претходните четири години Аројо играше во Турција во редовите на Бешикташ и Галатасарај.