23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарибор и Ибраими останаа без ЛШ

Марибор и Ибраими останаа без ЛШ

ibraimi-maribor

Шампионот на Словенија Марибор чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ги заврши настапите во Лигата на шампионите.

Изнендувачки Марибор го загуби двомечот од второто квалификациско коло од казастанска Астана со 3:2. Марибор, кој минатата сезона играше во фазата по групи во елитното натпреварување, слвеше во првиот меч со 1:0, но во реваншот првакот на Казахстан победи со 3:1 и се пласира во третото коло.

Астана стигна до предност во 13.минута преку Џолчиев, а во 39.минута резултатот го израмни Рајчевиќ. На полувреме Астана сепак замина со предност, откако Каљас во 43.минута го совлада Хандановиќ. Во второто полувреме Твумаси погоди за 3:1.

Марибор до крајот не успеа да постигне гол иако во последните 25 минути имаше играч повеќе на теренот.

Резултати, второ коло ЛШ:

Астана-Марибор 3:1 (прв меч 0:1)

Фола-Динамо Загреб 0:3 (1:1)

Макаби-Хибернијанс 5:1 (1:2)

Рудар-Карабаг 0:1 (0:0)

Вардар-АПОЕЛ 1:1 (0:0)

Лех-Сараево 1:0 (2:0)

Дундлак-БАТЕ Борисов 0:0 (1:2)

ХЈК-Вентспилс 1:0 (3:1)

Линколн-Митјиланд 0:2 (0:1)

Пјуник-Молде 1:0 (0:5)

Стјарнан-Селтик 1:4 (0:2)

Жалгирис-Малме 0:1 (0:0)

Стеауа-Тренчин 2:3 (2:0)

Дила Гори-Партизан 0:2 (0:1)

Милсами-Лудогорец 2:1 (1:0)

Крусејдерс-Скендербег 3:2 (1:4)

Видеотон-Њу Сеинтс 1:1 (продолженија 2:1)

Двојки за третото коло:

Лех-Базел, Милсами-Скендербег, ХЈК-Астана, Селтик-Карабаг, Стеауа-Партизан, Митјиланд-АПОЕЛ, Макаби-Викторија Плзен, Динамо Загреб-Молде, Видеотон-БАТЕ Борисов, Ред Бул Салцбург-Малме, Панатинаикос-Бриж, Јанг Бојс-Монако, ЦСКА-Спарта Прага, Рапид-Ајакс, Фенербахче-Шахтјор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП