2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏикиќ шокиран: Отказот го добив по e-mail

Џикиќ шокиран: Отказот го добив по e-mail

џикиќ

Сменетиот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, во изјава за „mozzartsport.com“, вели дека е разочаран од начинот на кој го добил отказот од Македонската кошаркарска федерација.

Џикиќ вели дека за прекинот на соработката бил известен преку e-mail и тоа откако медиумите во Македонија ја објавиле веста, односно кусото соопштение од МКФ.

„Јас сум во шок, првиот тренинг беше закажан за в сабота, закажани се и сите контролни натпревари…Знаете што значи за еден тренер да предводи репрезентација на Европско првенство. Едноставно тоа право ми е одземено со едно кратко објаснување“, изјавил Џикиќ.

Алаксандар Џикиќ за селектор беше назначен на 30.декември 2013 година, тој успешно ја изврши смената на генерации и избори пласман на Европското првенство.

Инаку МКФ неколку часа по информацијата дека соработката со Џикиќ е раскината го назначи Марјан Србиновски за нов селектор.

Македонската репрезентација в сабота ќе стартува со подготвките за ЕП кое ќе започне на 5.септември. Кошаркарите на континеталното првенство ќе се натпреваруваат во Ц групата заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП