21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМКФ потврди, Србиновски е новиот селектор

МКФ потврди, Србиновски е новиот селектор

марјан-србиновски

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) го назначи Марјан Србиновски за нов селектор на националниот тим. Одлуката Србиновски да биде новиот селектор од МКФ ја донесоа по само неколку часа откако беше раскината соработката со Александар Џикиќ.

„Марјан Србиновски ја доби довербата да биде селектор на сениорската репрезентација на Македонија, по разговорот со Заре Марковски спортскиот директор на МКФ.

Прв асистент на селекторот на двете последни ЕП, Србиновски и како кошаркар учесник на континенталниот собир, ја потврдува определбата на Федерацијата да го искористи сопствениот потенцијал“, се вели во кусото соопштение објавено на интернет страницата на МКФ.

Инаку спортскиот директор Заре Маркоски, човекот кој ја предводеше Македонија во деби учеството на Европските првенства во 1999 година, ќе му помага во работата на новиот селектор.

Македонската репрезентација в сабота ќе стартува со подготвките за ЕП кое ќе започне на 5.септември. Кошаркарите на континеталното првенство ќе се натпреваруваат во Ц групата заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП