12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО’Романтичарите’ оптимисти пред реваншот со Јелгава

’Романтичарите’ оптимисти пред реваншот со Јелгава

romanticarite

Фудбалерите на работнички максимално подготвени и со многу оптимизам го очекуваат реванш натпреварто во второто квалификациско коло во Лига Европа против летонскиот преставник Јелгава.

’Романтичарите’ в четврток на домашен терен ќе истрчаат со негатива од 0:1, предност со која Јелгава се стекна по првиот меч одигран пред една недела во Летонија.

„Спремни го дочекуваме натпреварот верувам во моите фудбалери и се надевам дека ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваат на пласман во наредната рунда. За нас овој меч е многу важен затоа што знаеме што значи де се мине коло во Лига Европа. Сега знаеме со каков противник се соочуваме, ги одигравме првите 90 минути кои за жал ги загубивме. Со моите фудбалери во изминатите две години сме биле во многу вакви ситуации и секогаш сме излегувале како победници“, рече на прес конференцијата тренерот на Работнички, Игор Ангеловски, отривајќи го и рецептот со кој неговите играчи треба да го неутрализираат најсилното оружје на противникот – играта од прекин.

„Јелгава е тим кој игра дефанзивен фудбал и чека можност од прекин да постигне гол. Дефинитвно е тим кој е многу опасен од прекин. Ние ќе треба да одиграме висок пресинг да се обидеме да ги спречиме да дојдат на нашата половина. Јеглава игра поразличен фудбал од нашиот претходен противник, играат со долги топки, ја прескокнуваат средината од теренот и бараат шанса од прекин да се заканат. Кога се бранат тоа го прават со сите играчи. Ние ќе треба да одиграме како на реваншот со Флора и како што игравме на првиот меч против нив, доколку одиграме така нема да имаме проблеми.“

Шефот на стручниот штаб на Работнички нјави дека нема да отстапи од стандардната формација 4-4-2, измени најави во среднот ред, каде како што рече „шанса ќе добијат играчи со офанзивни карактеристики“, додека двоецот во нападот ќе го предводи капитенот Баже Илијоски.

„Го загубивме првиот меч иако бевме подобри, ние сме максимално мотивинари и сакаме да докажеме дека првиот меч несреќно го загубивме иако бевме подобри и направивме повеќе шанси. Се надевам дека повотрно ќе проработи нашиот инает. Сметам дека доколку одиграме на исто ниво како на првиот меч и доколку успееме да ги реализираме шансите тогаш нема да имаме проблеми“, рече Илијоски.

Реваношот од второто квалификациско коло во Лига Европа помеѓу Работнички и Јелгаваќе се одигра на „Филип Втори“, в четврток од 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП