11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРЖ Услуги најави реакција на соопштението на Макстил

РЖ Услуги најави реакција на соопштението на Макстил

proizvodstvo makstil 33

Компанијата за собирање, прочистување, призводство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода РЖ Услуги најавија реакција за обвинувањето од Макстил, за кое велат дека е шпекулација.

„Станува збор за шпекулациии. Директорот е на одмор и не е достапен за изјава, но во најскоро време ќе и се обратиме на јавноста преку писмено соопштение“, изјави во телефонски разговор за Макфакс претставник на РЖ Услуги.

Макстил претходно денеска соопшти дека го стопирала производството на челичен полуфабрикат, бидејќи од страна на снабдувачот со технолошка вода без претходна најава му било наметнато двојно зголемување на цената.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП