21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарите останаа без селектор, МКФ го разреши Џикиќ

Кошаркарите останаа без селектор, МКФ го разреши Џикиќ

dzikic 02

Александар Џикиќ повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија. Српскиот стратег на селекторската функција стапи на крајот од 2013-та и успешно ги мина квалификациите за пласман на Европското првенство.

„Македонската кошаркарска федерација со консенсуална одлука на Комисијата за итност и апровација на телефонски консултираните членови на Управниот одбор, го разреши од должност селекторот на сениорската репрезентација Александар Џикиќ, поради нарушена соработка и недоверба во органите на Федерацијата, заблагодарувајќи му се за досегашната работа со репрезентацијата“, стои во кусото соопштение кое е објавено на интернет страницата на Федерацијата.

Смената на Џикиќ се случува на само 50-ина денови пред стартот на Европското првенство и на три дена до почетокот на поготовките на националниот тим.

Македонија на ЕП, кое ќе започне на 5-ти септември, ќе игра во групата во Загреб заедно со Хрватска, Грција, Словенија, Грузија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП