25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ од контролните средби ќе заработат 19 милиони евра

„Кралевите“ од контролните средби ќе заработат 19 милиони евра

roma real

Раководството на Реал Мадрид не губи време и има пронајдено начин да се искористи финансиски најдобариот начин од пријателските средби кои „кралевите“ ќе одиграат ова лето.

Според шпанскиот весник „Marca“, шпанскиот гигант ќе заработи 19 милиони евра само за четири пријателски средби од летната подготовка.

Само за двата дуели кои ќе ги одиграат во Австралија, кралскиот клуб ќе заработи 12 милиони евра.

Серијата контроли за тимот на Рафа Бенитез започна во Австралија, каде што тимот одигра нерешено со Рома. Втората средба на континентот ќе е против Манчестер Сити на 24-ти јули.

За „кралевите“ следува посета на Кина, каде што ќе одиграат две средби со кои ќе заработат седум милиони евра. Таму Реал ќе игра со гигантите од Милано, Интер и Милан, а на локалните навивачи ќе им обезбедат големо шоу, бидејќи шпанскиот тим ја нема посетено оваа земја веќе четири години.

Последните три проверки на „белите“ се во Европа – против Тотенхем, Волеренга и Баерн или повторно Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП