16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ: Ќе ни треба среќа во жрепката за мундијалските квалификации

Друловиќ: Ќе ни треба среќа во жрепката за мундијалските квалификации

ljubinko 3330

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, во интервју за весникот Blic, во пресрет на жрепката за квалификациските групи за пласман на Светското првенство во 2018-та година, рекол дека во тој циклус ’црвено-жолтите’ ќе имаат тешка задача, бидејќи противниците ќе ги чекаат од претпоследниот, петти барабан.

„Има тука доста работа, загубивме со 2:1 од Словачка која е една од подобрите европски репрезентации. Одигравме добро во второто полувреме, допрва треба да ја створиме базата, пред нас е жрепката за Мундијалот. Тука не очекуваат тешки противници, во петтиот барабан сме и ќе ни биде треба и малку среќа. Македонците се реални во барањата и прогнозите, ќе се обидеме да ја прескокнеме Белорусија до крајот на квалификациите. Жалам што екипата ја презедов на половина од квалификацискиот циклус кога ги загубивме шансите за пласман на ЕП, сега преостанува да одиграме што е можно подобро“, рекол Друловиќ.

Извлекувањето на квалификациските групи за Мундијалот во 2018-та година ќе се одржи на 25-ти јули.

Македонија во квалификациската група Ц се наоѓа на претпоследното место со само една победа и пет порази. До крајот на циклусот Друловиќ и неговите избранци ќе играат во Луксембург (5-ти септември), против Шпанија во Скопје (8-ми септември) и Украина (9-ти октомври) и во Белорусија (12-ти септември).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП