30 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлинскиот Олимписки стадион ќе биде домаќин на ‘еврејската Олимпијада’

Берлинскиот Олимписки стадион ќе биде домаќин на ‘еврејската Олимпијада’

berl-oli

Повеќе од две илјади спортисти ќе учествуваат следната седмица на Макабијадата којашто ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Берлин, изграден во периодот на нацизмот, со што првпат некое големо натпреварување на еврејски спортисти ќе се одржи во земјата којашто е одговорна за најголемиот геноцид врз овој народ во неговата историја.

Отворањето на Олимпискиот стадион во Берлин во 1936 година била настан за паметење и покрај тоа што е оценета како целосна негација на духот на Олимписките игри, бидејќи обилувала со воена симболика во времето кога германскиот нацистички водач Адолф Хитлер се подготвувал за воените походи кои ќе следат неколку години подоцна.

Речиси осум децении подоцна, истиот стадион треба да биде домаќин на две илјади еврејски спортисти од 35 држави, учесници на традиционалната Макабијада, која се одржува на секои четири години од 1932 година.

„Седумдесет години по ослободувањето од националсоцијализмот…, време е да им покажеме на Европа и на светот дека еврејскиот живот повторно цути тука и дека сме станале поцврсти и верен дел од германското општество“, изјави Алон Мајер, претседател на германскиот комитет на Макабијадата.

Ваквите паневрејски спортски игри биел организирани на почетокот од XX век, како што се истакнува, како одговор на системскиот антисемитизам во европскиот спорт што ја поттикнало еврејската заедница да втемели сопствена платформа за спортски натпреварувања.

Изборот на берлинскиот Олимписки парк за одржување на игрите е важен и затоа што на Евреите им било забрането да настапа на Олимписките игри во 1936-та како германски претставници, но и затоа што замислата да се одржи во Берлин ја отфрлаа постарите еврејски генерации. Меѓутоа, „младите поколенија на крајот победија“, истакна Мајер.

Значителен дел од буџетот за организација на игрите, кој изнесува 5 милиони евра, е наменет за безбедноста, велат организаторите, а полицијата засега не примила никакви конкретни закани.

Учеството на Евреите на организираните спортски манифестации во Германија е одбележано и со трагедијата на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, кога радикална палестинска група грабна и уби 11 членови на израелската спортска експедиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП