19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛудогорец елиминиран од ЛШ

Лудогорец елиминиран од ЛШ

ludogorec555

Бугарскиот шампион Лудогорец уште во раната квалификациска фаза ги заврши натпреварите во годинешната Лига на шампионите.

Лудогорец во двомечот со молдавски Милсами доживеа два пораза, по 0:1 во Бугарија екипата од Разград загуби во реваншот со 2:1.

Реваншот Лудогорец го отвори со голот на Вандерсон во 25. минута, но само 60 секунди подоцна израмни Андроник. Лудогорец од 73. минута играше со играч повеќе, исклучен беше Кајачори, но домаќинот и со фудбалер помалку успеа во претпоследната минута да постигне гол преку Рачу.

Милсами во третата рунда најверојатно ќе игра против Скендербег кој со предност од 4:1 во Северна Ирска му гостува на Крусејдерс.

Пласман во третото квалификациско коло изборија Молде и Партизан. Молде со вкупни 5:1 го елиминираше Пјуник, додека Паризан со 3:0 славеше во двомечот против Дила Гори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП