7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорѓевиќ селектор на Србија до 2019-та година

Ѓорѓевиќ селектор на Србија до 2019-та година

sale 00

Александар Ѓорѓевиќ ќе ја предводи кошаркарската репрезентација на Србија до 2019-та година, откако со Кошаркарскиот сојуз на оваа земја потпишал нов четиригодишен договор.

Ѓорѓевиќ кој минатата година ја предводеше Србија до финалето на Светското првенство во Шпанија, решил да го продолжи договорот пред заминувањето на подготвките со националниот тим за ЕП кое стартува на 5-ти септември.

Српскиот селектор тимот ќе го предводи на наредните три големи натпреварувања, Олимписките игри во Рио во 2016-та година, доколку Србија избори пласман, односно на ЕП во 2017-та и СП во 2019-та година.

Александар Ѓорѓевиќ покрај селекторската функција од оваа сезона ќе ја обавува и функцијата шеф на стручниот штаб на Панатинаикос, со грчкиот клуб тој договори двегодишна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП