19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на IBM паднаа 13-ти квартал по ред, за 13,5 отсто

Приходите на IBM паднаа 13-ти квартал по ред, за 13,5 отсто

ibm 242

International Business Machines (IBM) во вториот квартал остари пад на приходите од 13,5 отсто во однос на истиот период лани, што е веќе 13-ти квартал по ред во кој технолошкиот гигант бележи пад на приходите.

IBM во понеделникот објави дека нејзините вкупни приходи во изминатиот квартал изнесува 20,8 милијарди долари, додека во истиот период лани изнесувале 24 милијарди.

Нето добивката на компанијата, пак, паднала за 17 отсто, на 3,45 милијарди, додека во второто тромесечје изнесувала 4,14 милијарди.

Најголемата глобална услужна технолошка компанија, со речиси 380.000 вработени во светот,се наоѓа во длабока транзиција. Веќе подолго време преку реструктуирање настојува да ги реши деловите кои носат помала заработувачка или загуби, а да го пренасочи своето работење кон ‘cloud’ и услугите за мобилна безбедност.

„Резултатите на IBM се одрза на транзицијата на компанијата. Настојуваме да го трансформираме нашето работење кон секторите со поголема вредност и поголем поврат за акционерите“, наведе во деловниот извештај Џини Ромети, извршната директорка на IBM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП