15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧековски во Сигал Приштина

Чековски во Сигал Приштина

gorgi-cekovski

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Ѓорѓи Чековски, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Сигал Приштина. Со актуелниот освојувач на регионалната БИБЛ лига, крилниот центар потпиша едногодишен договор.

Чековски, кој изминатите четири години ги мина во домашното првенство во МЗТ и Работнички, по 11 години се враќа во екипата на Сигал со која во сезоната 2003/2004 триумфираше во косовскиот шампионат.

35-годишниот Чековски во кариерата покрај за Работнички, МЗТ и Сигал Приштина има настапувано за Геоплин Слован, Лукоил Академик, Черкаси мавпи, Фени, Феро ЗНТУ и Левски Софија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП