18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОваа тајна опција ќе го забрза вашиот телефон! (ФОТО)

Оваа тајна опција ќе го забрза вашиот телефон! (ФОТО)

brz telefon

Без разлика дали имате најнов „Android“ телефон или малку постар модел, на сите по одредено време им ослабнуваат перформансите. Меѓутоа, постои еден трик за кој малкумина луѓе знаат, а со кој ќе се забрза работата на вашиот „Android“ смартфон.

Станува збор за опцијата која се крие внатре во тајното мени кое е резервирано за програмерите, но пристап може да имаат сите корисници. Без грижа, оваа опција нема да му наштети на вашиот телефон, а во секој момент може да се исклучи. За нејзино подесување потребни се само минута или две.

Пред се, неопходно е да влезете во подесувањата (Settings), a потоа да ја побарате опцијата „за телефонот“ (About phone).

brz telefon1

Во новиот прозорец најдете ја опцијата „број на верзија“ (Build number) и неколку пати притиснете додека на екранот не се појави порака дека сте станале програмер.

brz telefon2

Потоа вратете се еден чекор назад. Ќе видите дека се појавила нова опција која се нарекува „опција за програмери“ (Developer options). Влезете во неа.

brz telefon3

Во „опцијата за програмери“ пронајдете ја функцијата „размерот на прозорецот за анимација“ (Windows animation scale), „размер на прелазот на анимација“ (Transition animation scale), „размер на траење на аниматорот“ (Animator duration scale).

brz telefon4

Секоја од споменатите опции е подесена на „размер на анимација 1x“ (animation scale 1x). Целта е да влезете во секоја од нив и да го намалите тој број на „5x“.

brz telefon5

Откако ќе го направите тоа треба да го рестартирате вашиот телефон и тоа е се. Вашиот „Android“ смартфон сигурно ќе работи побрзо благодарејќи на овој трик.

Важно е да се напомене, доколку не сте доволно стручни и немате големо познавање од оперативниот систем „Android“, внатре во опцијата за програмери, не менувајте ништо освен споменатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП