7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИА ја повлече 17-ката на Бјанки

ФИА ја повлече 17-ката на Бјанки

Jules-Bianchi

Челниците на Формула 1 решија да го повлечат бројот 17 кој на својот болид го носеше неодамна починатиот француски возач Жил Бјанки.

Бјанки (25) почина во петокот од тешките повреди на главата со кои се здоби на трката за Големата награда на Јапонија, која се возеше во октомври 2014-та година. Бјанки кој произлезе од академијата на Ферари, на трката во Јапонија со голема брзина излета од патеката и удри во кранот кој го отстрануваше болидот на Адријан Зутил.

„Жан Тод, претседател на ФИА, објави дека бројот 17 ќе биде повлечен од натпреварите во Формула 1 во знак на сеќавање на Жил Бјанки. Бидејќи броевите во Формула 1 ги избираат самите возачи, ФИА смета дека е потребно бројот на Бјанки да биде пензиониран“, стои во соопштението од ФИА.

Од 2014-та година возачите во Формула 1 ги бираат своите броеви со кои ќе се натпреваруваат во текот на кариерата. Бјанки го одбрал број 17 откако броевите 7, 27 и 77 ги одбрале Кими Раиконен, Нико Хилкенберг и Валтери Ботас.

Жил Бјанки, кој за тимот на Марусија возеше од 2013-та година и освои два бода, е првиот возач кој смртно настрада на трка уште од легендарниот Аиртон Сена. Легендарниот Бразилец го загуби животот на трката во Сан Марино во 1994-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП