19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси фрли камен темелник и заработи 3,5 милиони евра

Меси фрли камен темелник и заработи 3,5 милиони евра

mesi gabon

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, добил 3,5 милиони евра за учество на церемонијата на поставување на камен темелник за изградба на стадион во Габон, пренесе France Football.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата симболично положил камен темелник на местото каде ќе биде изграден стадионот во Порт Жентиле, најголемото пристаниште и вториот по големина град во Габон. Инаку оваа западноафриканска држава во 2017-та година ќе биде домаќин на Купот на африкански нации.

Стадионот ќе има капацитет од 20.000 седишта и би требало да биде отворен во ноември 2016-та година.

Претседателот на Габон, Али Бонго Ондимба, претходно изјавил дека со Меси се запознал пред неколку години во Барселона и дека тогаш славниот фудбалер му ветил дека ќе го посети Габон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП