28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏинобили го продолжи договорот со Сан Антонио

Џинобили го продолжи договорот со Сан Антонио

manu 22

Еден од најдобрите неамерикански кошаркари во НБА лигата, Емануел Ману Џинобили, го продолжи договорот со Сан Антонио Спарс. Наредната сезона ќе биде 14-та за Аргентинецот во НБА лигата, во која во текот на кариерата има просечен учинок од 14,3 поени, четири асистенции и 3,8 скока на 865 одиграни натпревари.

Џинобили во 1999-та година беше избран во втората рунда на драфтот, а во меѓувреме стана најдобриот шутер за три поени во историјата на Сан Антонио и втор според бројот на украдени топки. Аргентинецот во 2008-ма година беше избран за најдобар шести играч во лигата.

Џинобили има најдобар процент на успешност од активните играчи во НБА лигата од 72,3 отсто (625 победи и 240 порази), а со Сан Антонио има освоено четири шампионски титули.

Заедно со Тони Паркер и Тим Данкан, Аргентинецот е дел од трио со најмногу одиграни заеднички мечеви во НБА лигата и со најмногу забележани победи во плеј офот.

Исто така Џинобили е еден од осуммината кошаркари во НБА кои во плеј офот имаат учинок од најмалку 2.500 поени, 750 скокови, 700 асистенции и 250 украдени топки. Ваков учинок имаат уште Коби Брајант, Скоти Пипен, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Лери Бирд, Леброн Џејмс и Клајд Дрекслер.

Со аргентинската репрезентација го освои златниот медал на ОИ во 2004-та година во Атина, а покрај Бил Бредли е единствениот кошаркар кој покрај олимписко злато ја освои Евролигата и НБА лигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП