21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОФелипе Луис се враќа во Атлетико

Фелипе Луис се враќа во Атлетико

Filipe-Lu-s-009

Бразилскиот репрезентативец Фелипе Луис ќе се врати во Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Атлетико за својот поранешен играч ќе плати 16 милиони евра, што значи дека ќе оствари профит бидејќи минатата сезона Бразилецоот му го продаде на Челзи за сума од 22 милиони евра.

Калчолигашот Интер исто така покажа интерез за Фелипе Луис но тој на челниците на Челзи им рекол дека сака да се врати во Атлетико.

Луис, не успеа да му се наметне на Жозе Мурињо, тој минатата сезона за Челзи одигра само 13 натпревари во Премиерлигата.

Претходно Бразилецот беше еден од клучните играчи на Атлетико во походот на двојната круна во домашното првенство и вицешампионската титула во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП