5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлбанците извадија погрешни визи за реваншот во Северна Ирска

Албанците извадија погрешни визи за реваншот во Северна Ирска

погресхни-визи

Возвратниот натпревар од второто предколо од фудбалската Лига на шампионите меѓу северноирскиот клуб Крусејдерс и албанскиот клуб Скендербеј од Корча, беше доведен во прашање, бидејќи Албанците извадија погрешни визи.

Наместо со виза за Велика Британија во чиј состав се наоѓа Северна Ирска, фудбалерите и раководството на Скендербеј се појавиле на аеродромот во Белфаст со визи за Република Ирска. Се разбира, не биле примени во земјата.

По дополнителните консултации издадени им се нови, овојпат исправни визи, што албанскиот клуб го чинело дополнителни 25.000 евра.

Скендербеј во првиот меч победи со 4-1, а реваншот се игра во вторник 21-ви јули, на стадионот „Сивју“ во Белфаст. Победникот од оваа двојка во третото предколо на ЛШ ќе игра против подобриот од дуелот меѓу бугарски Лудогорец и молдавскиот шампион Милсами Орхеи кој направи изненадување победувајќи минимално на гостувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП