20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСоставот на Баерн девалвираше најмногу во Германија

Составот на Баерн девалвираше најмногу во Германија

sampioni baern

Шампионот Баерн Минхен останува неприкосновен лидер по пазарната оценка на фудбалерите, но вредноста на некои од нив беше значително променета удолу од најавторитетниот портал „transfermarkt.de“.

Иако составот на Пеп Гвардиола е оценет на 526 милиони евра и е далеку пред главните конкуренти како Борусија Дортмунд (302 милиони евра), вредноста на играчите е намалена за повеќе од 30 милиони евра.

Една од причините е возраста на ѕвезди како Франк Рибери и Филип Лам, кои минатата година беа отсутни во долги периоди поради повреди.

Се уште опоравувајќи се од повредата, Рибери е еден од најголемите губитници во Бундеслигата во однос на вредноста. Минатата година 32-годишниот Французин беше проценет на 32 милиони евра, а сега цената му паднала на 22 милиони евра. Капитенот Лам веќе вреди 22 милиони евра од 28 милиони во минатата година.

Другите тројца, чија цена падна значително се Марио Гетце (45 милиони евра), Ариен Робен (33 милиони) и Данте (6 милиони). Тие загубија по 5 милиони евра од својата вредност. Значително помала е оштетата на Јан Кирхоф, Свен Улраих и Мехди Бенатија.

Најскапиот играч во Бундеслигата останува Томас Милер. Со постојаното одлично претставување во последните години тој држи цена од 55 милиони евра, следен од Роберт Левандовски (50 милиони) и Мануел Нојер (45 милиони).

Во исто време играчите на вицешампионот Волфсбург и на Борусија Менхенгладбах ги зголемија своите цени. Ѕвездата на „волците“ Кевин де Бруин скокна од 35 на 45 милиони евра. Голем скок бележи полудефанзивецот на „Гладбах“, Гранит Џака, а оценката на целиот состав на Борусија бележи отскокнување за 16,5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП