22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндреев: Имаме активен резултат, подоготвени сме за борба

Андреев: Имаме активен резултат, подоготвени сме за борба

giligorov-andreev

Фудбалерите на Вардар, во вторник, ќе го го одиграат возвратниот натпревар во рамките на второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите, против кипарскиот првак АПОЕЛ.

Вардарци на првиот натпревар останаа непоразени (0:0) и на домашен терен имаа убава можност да го елиминираат противникот кој изминатите години е редовен учесник во фазата по групи во европските купови.

Вардар на првиот меч беше ориентиран на одбрана на својот гол, а репрезентативниот голман Томе Пачовски е најзаслужинот што натпреварот заврши без голови.

Тренерот на „црвено-црните“, Сергеј Андреев, на прес конференцијата пред натпреварот рече дека е задоволен од резултатот, но не и од прикажаната игра на првиот меч и вети дека на домашен терен Вардар ќе одигра многу подобро.

„АПОЕЛ не ни дозоволи да нападнеме на првиот меч, понекогаш играте онолку колку што тоа ќе ви го дозволи противникот. Знаев дека натпреварот во Никозија ќе биде тежок за нас и поради тоа одбрав да играме дефанзивно. Имаме резултат 0:0 кој е поволен, но и многу опасен, доколку примиме гол ќе мора да постигнеме два за пласман понатаму. Пред мечот во Никозија реков дека шансите за на страната на АПОЕЛ, но само поради нивното искуство, сега ние имаме поголеми шанси“, рече Андреев.

Рускиот тренер не сакаше да ја открива тактиката и почетниот состав, рече дека физички неговиот тим е подготвен за борба со Кипраните, но дека не би сакал да се играат продолжение и евентуално пеналите да го решваат победникот.

Оптимист дека македонскиот првак може да ја мине втората рунда е и заменик капитенот на Вардар, Никола Глигоров.

„АПОЕЛ беше фаворит пред овој двомеч, но по првиот меч сметам дека сега шансите се подеднакви. Дуелот во Никозија беше исклучително напорен за нас, но успеавме да се обраниме, да не примиме гол што ни дава надеж дека можеме да одиме во третото коло. Пред нашата публика треба да покажаме подобра игра пред се во нападот, да веруваме во себе“, рече Глигоров.

Дуелот помеѓу Вардар и АПОЕЛ ќе се одигра на „Филип Втори“, во вторник со почеток во 20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП