4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтефан Савиќ го одбра Атлетико

Стефан Савиќ го одбра Атлетико

savic008

Црногорецот Стефан Савиќ од Фиорентина ќе се пресели во Атлетико Мадрид, потврди неговиот менаџер Жарко Пеличиќ. Мадридскиот тим за Савиќ на „виолетовите“ ќе им плати сума од 12 милиони евра.

Иако италијанските медиуми првично пренесоа дека тренерот на Фиорентина, Паоло Соуса, го блокирал трансферот сепак поранешниот играч на Партизан и Манчестер Сити нема да патува со тимот на турнејата по САД.

„Стефан в понеделник ќе пристигне во Мадрид, треба да договориме уште некои финеси. Потоа треба да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договорот“, изјави Пеличиќ.

Савиќ има 24 години, а во Фиорентина пред три години пристигна од Манчестер Сити. Поранешниот централен дефанзивец на Партизан за репрезентацијата на Црна Гора има одиграно 32 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП