18 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 20.07.2015 до 26.07.2015

Неделен хороскоп – 20.07.2015 до 26.07.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Откако ќе ги слушнете размислувањата на блиските лица, ќе видите каде сте погрешиле. Себичноста ве однела во погрешен правец. Побарајте прошка.

РАБОТА: Едвај ќе успеете да се снајдете во деловните води. Ќе доцните со задачите и обврските. Сето тоа може да ги намали вашите приходи. Во последно време размислувавте за започнување на сопствен бизнис, одложете ги плановите.

ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Откако ќе ја разгледате целосно ситуацијата во која се наоѓате со вашиот партнер ќе сфатите дека од многу нешта не сте задоволни. Започнете да правите мали чекори, со цел ситуацијата да ја завртите кон подобро.

РАБОТА: На работното место сите обврски ќе ги извршувате како од шала. Ќе се снајдете и во друштво на повисоките деловни лица. Ќе изнајдете начин како да ги дуплирате вашите приходи.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Семејството ви е поддршка но не се движи во правецот во кој сакате вие да се движи. Некои несогласувања ќе ви создадат поголеми проблеми од очекуваното. Доколку партнерот сака посмели потези не е потребно да барате одобрение од родителите.

РАБОТА: На работното место ќе чувствувате напор поголем од вообичаено. Но сето тоа ќе ви се исплати во иднина. Денес работете за утре да ги собирате плодовите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Некои непредвидени моменти ќе донесат бура во социјалниот живот. Ќе бидете во друштво на вашите блиски лица а мислите ќе ви бидат со партнерот со кој оваа недела нема да бидете често заедно.

РАБОТА: Ќе имате зголемен број на задачи а исти приходи, тоа сигурно ќе ве демотивира, па ќе се обидете малку да скршнете од обврските.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на исхраната, можен е пад на имунолошкиот систем.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Нови и интересни случувања во љубовното поле. Ќе бидете изненадени но и среќни од нечии постапки. Не внимавајте на секој чекор на личноста од спротивниот пол, научете да се опуштите.

РАБОТА: На работното место вообичаено, без поголеми промени. Нека не ве загрижува монотонијата, во блиска иднина ќе следи период во кој работните задачи ќе имаат поголем обем.

ЗДРАВЈЕ: Престанете да се нервирате за секоја ситница.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Едвај ќе дочекате да ги завршите сите задачи и слободното време да го поминете со партнерот. Ви претстојат прекрасни зеднички моменти во текот на оваа недела. Направете мал но интересен потег.

РАБОТА: На работното место ќе бидете посочени за одговорно лице за настанатите проблеми. Не реагирајте веднаш, добро размислете па потоа преземете акција. Внимавајте да не навредите некого.

ЗДРАВЈЕ: Добро, вметнете физичка активност во секојдневието.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Посакувате кратка романса со интересна личност од спротивниот пол. Ќе добиете интересна идеја како да направите некој посмел чекор. Обидете се да одвоите време и за пријателите.

РАБОТА: Одличен период во кој ќе ви пристигнуваат пофалби од сите страни. Едноставно ќе блескате и ќе ги соберете сите поени на работното место. Некои нови задачи заедно со вашето напорно работење ќе ви донесат поголеми приходи.

ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на алергија.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Интересен и бурен период, нема воопшто да се покаете за вашите постапки. Оваа недела задолжително стапете во контакт и појдете на кафе со некој пријател од минатото со кој сте биле многу блиски.

РАБОТА: Ќе имате можност за деловно патување, кое на самиот почеток нема да ви звучи како добра идеја, но подоцна многу ќе ви се допадне. Искористете ги сите шанси за да напредувате.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Некој искрен разговор со семејството и блиските лица ќе ви помогне да решите некои проблеми кои долго време ве измачуваат. Верувајте му повеќе на партнерот, тој не е ваш непријател.

РАБОТА: Ќе брзате постојано, ќе трчате од едно до друго место и повторно ќе заборавите да дозавршите некоја задача. Неорганизираноста ќе владее со вас оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внесувајте повеќе течности.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Одлична недела за самите лица да ја обноват старата врска. Оние пак кои веќе се во врска ќе имаат интересна недела во која главна тема ќе им биде некој долго планиран посмел чекор од кој подолго време стравуваат.

РАБОТА: Не им замерувајте на колегите кои се мрзливи, едноставно таков е периодот. Дококу можете помогнете им околу обврските. Немојте постојано да се жалите дека само вие работите.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Некоја интересна личност влегува полека во вашиот живот. Вие не знаете како да реагирате, па по неколку пати ги преиспитувате постапките. Опуштете се и бидете спонтани во близина на таа личност.

РАБОТА: Ќе бидете малку збунети и расеани. Нема да можете комплетно да и се посветите на работата, а за сето тоа се виновни возбудувањата во приватниот живот. Не се грижете следи период на стабилизација.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внимавајте, не се изложувајте директно на сонце.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Бурен но сепак поволен период. Оваа недела не донесувајте нагли одлуки во врска со вашиот партнер, оставете си простор и време да размислите повторно. Некоја новост ќе ве задоволи но истовремено и ќе ве уплаши.

РАБОТА: На сите можни начини ќе се обидете да ја запоставите работата, ќе земете боледување со цел да се одморите. И тоа е понекогаш оправдано, но нека не ви стане навика.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внесувајте повеќе свежа храна и течности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП