21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБентеке во Ливерпул за 32,5 милиони фунти

Бентеке во Ливерпул за 32,5 милиони фунти

Christian-Benteke-008

Белгискиот фудбалски репрезентативец напаѓач Кристиан Бентеке и официјално премина од Астон Вила во далеку потрофејниот англиски премиерлигаш Ливерпул.

Кристиан Бентеке во следните 48 часа ќе ги мине медицинските прегледи, кои ќе ги спроведат лекарите на „редсите“ кои ќе се вратат на Острово од турнејата, а потоа ќе потпише за Ливерпул. Сепак, како што дознава BBC Sport, 24-годишниот белгиски репрезентативец нема да му се приклучи на новиот клуб кој во моментов е на турнеја во Австралија.

Како што во неделата тврди SkySport, отштетата за црномурестиот напаѓач на белгиската репрезентација изнесува 32,5 милиони фунти.

Бентеке настапуваше за белгиските клубови Мехелен, Кортријк и Стандард, а во Астон Вила, во чиј дрес одигра 101 натпревар на кој постигна 49 голови во 2012 година дојде од Генк за сума од 7 милиони фунти.

Ливерпул трансферот на Белгиецот го оствари со парите заработени од продажбата на Рахим Стерлинг на ривалот Манчестер Сити, за рекордни 49 милиони фунти.

Бентеке, кој имаше уште две години од договорот со Астон Вила, минатата сезона на 12 лигашки мечеви постигна 12 голови, со што му помогна на тимот да го избегне испаѓањето од најсилната англиска лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП