Мишел Платини има намера да се кандидира за претседател на ФИФА, соопштува „AS“.
Според информациите, Французинот веќе добил уверување дека неговата кандидатура ќе биде поддржана од четири од шесте конфедерации.
Освен од Европа, Платини ќе добие поддршка и од двете американски конфедерации, како и од Австралија.
Французинот сака да го види како свој наследник на чело на УЕФА актуелниот претседател на Германската фудбалска федерација, Волфганг Нирсбах.
Во почетокот на наредната недела во Цирих треба да биде одреден датумот на вонредниот конгрес на ФИФА, на кој ќе се одржи изборот за претседател.
Актуелниот претседател на ФИФА во оставка Сеп Блатер најави дека се повлекува од функцијата по избувнувањето на корупцискиот скандал во федерацијата.