23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските одбојкари во лов на шест бодови против Израел

Македонските одбојкари во лов на шест бодови против Израел

odbojkari mak

Сениорската одбојкарска репрезентација на Македонија, во рамките на натпреварувањата од ЦЕВ Европската Лига 2015-та година, денеска и утре од група „А“ ќе ги играат натпреварите против репрезентацијата на Израел.

„Со Естонија одигравме два различни натпревари. Забележливо беше дека од сет во сет ја подобрувавме играта, а на вториот дуел освоивме и еден сет. Треба да не радува што како поминува времето се подобруваме. Ако одиграме само 20% подобро од вториот меч со Естонците, тогаш сигурно против Израел ќе ги освоиме бодовите“, изјави селекторот Жарко Ристоски на прес-конференција.

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, најави дека нашите избраници атакуваат на две победи против Израел и со тоа ќе ги задржат шансите за пласман во полуфиналето на Европската лига.

Првата средба е денеска од 20 часот и 15 минути, а вториот натпревар е во недела со почеток во 17 часот и 30 минути. Двата натпревара се играат во СЦ „Борис Трајковски“. Цената на влезниците е 100 денари.

Македонскиот национален состав очекува што поголем број на навивачи за поддршка од трибините во постигнувањето на целта за освојување на максимален број на бодови во двомечот со Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП