Етиопската атлетичарка Гензебе Дибаба на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло постави нов светски рекорд на 1.500 метри, по повеќе од две децении.
Дибаба патеката ја истрча за 3:50.07 минути, па за 39 стотинки го собори досегашниот светски рекорд на Кинеската Чу Јинсиа (3:50.46), поставен уште во септември 1993-та година.
Рекордот на Чу се чинеше недостижен, бидејќи нејзиниот тренер Ма Жунрен тогаш користеше невообичаени и сомнителни средства, меѓу другото и крв од желка, но сите наоди на допинг контролите беа негативни.
Инаку 24-годишната Гензебе Дибата е помлада сестра на трикратната олимписка победничката Тирунеш Дибаба.
Гензебе до митингот во Монте Карло најмногу успеси имаше на натпреварувањата во сала, па на Светските првенства во сала има две злата. Таа го држи и светскиот рекорд на 1.500 метри во сала со резултат од 3:55.17 минути.