15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБентеке станува вториот најскап трансфер во историјата на Ливерпул

Бентеке станува вториот најскап трансфер во историјата на Ливерпул

benteke 33

Кристијан Бентеке ќе стане вториот најскап трансфер во историјата на Ливерпул по Ендрју Керол.

Ова стана јасно откако сите водечки медиуми на Островот информираа дека Ливерпул понудиле 32,5 милиони фунти на Астон Вила за Белгиецот. Тоа е сумата од ослободителната клаузула во договорот на напаѓачот, што значи дека веќе нема никакви пречки за трансферот на „Енфилд“.

Во моментов 24-годишниот фудбалер е во Португалија со тимот на Астон Вила, но денес тој нема да учествува во контролниот дуел со Спортинг Брага.

Бентеке ќе пристигне на „Енфилд“ со статусот на вториот најскап играч во историјата на Ливерпул. Рекордот продолжува да го држи Ендрју Керол, за кого беа платени 35 милиони. Интересно е дека Белгиецот ќе го симне од второто место во ова рангирање друго ново засилување на Ливерпул, привлечено ова лето – Роберто Фирмино. Според информациите Бразилецот го чини Ливерпул 29 милиони фунти со бонусите.

Вкупната сума потрошена од Брендан Роџерс во летниот преоден рок пак ќе надмине 80 милиони фунти.

Астон Вила ќе треба да плати околу 4 милиони од наведената сума на поранешниот клуб на Бентеке, Генк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП