3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите кошаркари поразени и од Шведска

Младите кошаркари поразени и од Шведска

kk mladi

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија, играчи до 20 години и понатаму ќе игра во европската Б дивизија, откако на првенството во Унгарија не успеа да стигне до полуфиналето.

Македонските кошаркари загубија и во вториот натпревар од четвртфиналната група, по поразот од домаќинот во средата, тие во четвртокот беа поразени од Шведска со 61:64.

Избраниците на селекторот Малинков одиграа добар меч, но падот на концентрацијата во самиот финиш ги одведе во пораз.

Младеновски ја предводеше Македонија со 19 поени и девет скока, Магдевски уфрли 13, а Мекиќ 12 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП