9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаботнички минимално загуби од Јелгава

Работнички минимално загуби од Јелгава

rabotnichki774

Фудбалерите на Работнички минимално загубија во првиот меч од второто квалификациско коло во Лига Европа од летонска Јелгава. ‘Романтичарите’ во Летонија се поразени со 1:0, а голот го примија во 87.минута.

Инаку Работнички во текот на целиот меч ја контролираше играта, создаваше шанси, но Илијоски, Алтипармаковски и Анене не искористија ниту една од шансите, што домаќинот го казни од својот единствен удар кон голот на Божиновски.

Во 87.минута Ош извде аут, пред голот на Работнички се створи мешаница во која најдобро се снајде Клушкинс кој го совлада Божиновски.

Реванш натпреварот ќе се одигра за една недела во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП