1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го купува Видал за 40 милиони евра!?

Баерн го купува Видал за 40 милиони евра!?

Arturo-Vidal-Arsenal-trans

Чилеанскиот репрезентативец од редовите на Јувентус, Артуро Видал е на чекор од преминување во Баерн Минхен. Италијанскиот шампион го прифатил предлогот на „баварците“, тврди „Кикер“.

„Бјанконерите“ сакаа 45 милиони евра за фудбалерот, но тие сепак се согласиле да добијат 40 милиони, вклучувајќи и бонуси за претставувањето на играчот.

Агентот на Видал, Фернандо Феличевич е во Минхен, за да ги договори личните услови. Според „Стампа“ договорот е факт, па Чилеанецот ќе добива по 6,5 милиони евра по сезона, а договорот ќе е за четири години.

Фудбалерот ќе се врати во Бундеслигата, каде играше за Баер Леверкузен. Во 2011-та година Баерн сакаше да го земе, но тогаш клубот од Леверкузен го продаде на Јувентус за 12,5 милиони евра.

Инаку, Видал беше трансфер цел на Реал Мадрид и Арсенал, но според овие информации овие гиганти останаа со празни раце.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП