12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоп 5 на најдобро платените кошаркари во НБА

Топ 5 на најдобро платените кошаркари во НБА

kobi kevin

Доколку очекувавте да ги видите имињата на Мајкл Џордан или Леброн Џејмс на оваа листа, тогаш грешите.

Лидер во неа е Кевин Гарнет. Откако ќе му заврши 2-годишниот договор за 16 милиони долари со Минесота, тој ќе има заработено 343 милиони долари.

Погледнете кои се кошаркарите во НБА кои заработиле најмногу во кариерата според плати:

5. Дирк Новицки

ko plata1

Германското крило на Далас Маверикс заработи 212 милиони долари до моментот во својата кариера. Тој сепак е единствениот играч во НБА, кој одбил понуди за повеќе пари во последните два договори. Според пресметките на списанието „Forbes“, во 2014-та година тој потпишува 3-годишен договор за 25 милиони долари со Далас, иако има поголеми предлози на маса од Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс, кои чинеле 72 милиони долари.

4. Тим Данкан

ko plata2

Данкан исто е лојален на Сан Антонио Спарс. Тој дури оди подалеку, па ја намалува платата до 5 милиони долари во последните две години, за да може неговиот тим да привлече уште добри играчи, со кои Спарс ќе можат да се борат за титулата. Општите негови приходи до моментов изнесуваат 234 милиони долари.

3. Шекил О ‘Нил

ko plata3

Центарот одигра 19 сезони во НБА, пред да се повлече. Неговите приходи во лигата се 292 милиони долари.

2. Коби Брајант

ko plata4

Ѕвездата на Лејкерс веќе потврди дека ова ќе биде неговата последена сезона во НБА. Досега неговите приходи изнесуваат 303 милиони долари, а сите се добиени од овој тим.

1. Кевин Гарнет

ko plata5

Гарнет играше за тимовите на Минесота и Бостон, пред повторно да го облече дресот на Тимбервулвс. Тој дури е поврзуван со идниот сопственик на тимот. Факт за кој Мајкл Џордан изјави дека се „надева да го следат неговиот пример“. Гарнет на својата банкарска сметка има додадено 327 милиони долари, но има актуелен договор на 2 години и 16 милиони долари со Минесота.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП