9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Марија се договорил со ПСЖ?

Ди Марија се договорил со ПСЖ?

di ma

Аргентинецот Анхел Ди Марија, наводно договорил петгодишна соработка со францускиот шампион Пари Сен Жермен. Француските медиуми пренесуваат дека играчот на Манчестер Јунајтед изразил желба да се пресели во Париз во летниот преоден рок, целиот трансфер би изнесувал 42,8 милиони фунти.

Ди Марија по репрезентативните обврски на Копа Америка се наоѓа на одмор и ќе ја пропушти турнејата на Манчестер Јунајтед во САД.

Инаку трансферот на Аргентинецот би требало да биде реализиран пред 29–ти јули за кога е закажан контролниот натпревар помеѓу Јунајтед и ПСЖ.

Лоран Блан, тренерот на ПСЖ, за медиумите потврдил дека би сакал да го види Ди Марија во својот тим.

„Ди Марија е добар играч, но ние не сме единствените кои се заинтересирани за него. Ќе биде тешко да го реализираме трансферот, особено кога се знае каква финансиска моќ имаат англиските тимови. Немојте да заборавите дека Јунајтед издвои богатство за него“, рекол Блан.

Минатото лето Ди Марија го собори британскиот трансфер рекорд откако Манчестер Јунајтед на Реал му плати 60 милиони фунти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП