2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБраќата Мамиќ ќе платат 1,5 милион евра за да се бранат од...

Браќата Мамиќ ќе платат 1,5 милион евра за да се бранат од слобода

mamici 33

Вонпарничниот совет на загрепскиот Жупаниски суд ја преименува одлуката на надлежната судијка и одобри браќата Мамиќ, Здравко и Зоран, односно Дамир Врбановиќ да се бранат од слобода доколку уплатат на сметката на судот бараната сума за кауција.

Судот одреди дека доколку сакаат да се бранат од слобода браќата Мамиќ ќе треба да уплатат 11 милиони куни (околу 1,5 милиони евра). Кауцијата за Здравко изнесува седум милиони куни (нешто повеќе од 925.000 евра), а за неговиот брат Зоран четири милиони куни (околу 530.000 евра). Најмала кауција, еден милиони куни (околу 132.000 евра), судот одреди за извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Врбановиќ.

Судијата на загрепскиот Жупаниски суд, Зденко Посавец, за агенцијата Хина, изјавил дека барањето осомничените да останат во затвор важи и понатаму, но дека тие можат да бидат заменети со поблаги мерки.

Адвокатите на тројцата осомничени кои ја обжалија одлуката за притвор, на судот му понудиле тие да платат кауција како залог дека нивните клиенти нема да ја попречуваат истрагата и дека нема да влијаат врз сведоците.

Инаку браќата Мамиќ веднаш по апсењето како кауција ја понудија куќата на Зоран Мамиќ која е проценета на 20 милиони куни (2,7 милиони евра).

Браќата Мамиќ се приведени под сомнение дека го оштетиле Фудбалскиот клуб Динамо за најмалку 117,8 (околу 15,6 милиони евра), а државниот буџет за неплатен данок за околу 12,2 милиони куни (околу 1,4 милиони евра).

Притоа Здравко Мамиќ од Динамо, според тврдењата на УСКОК извлекол најмалку 52 милиони куни (околу 6,8 милиони евра), додека неговиот помлад брат Зоран од клубот и од затајување на данок незаконски стекнал 38,1 милиони куни (околу 5,1 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП