16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДевис куп: Тенисерите со максимален резултат славеа над Ерменија

Девис куп: Тенисерите со максимален резултат славеа над Ерменија

 

jotovski 333

Девис куп репрезентацијата на Македонија со максимална победа над Ерменија стартуваше на турнирот од Третата зона кој се одржува во Сан Марино.

Третиот поен македонската Девис куп репрезентација го освои во игра на двојки, откако претходно Грабул и Јотовски убедливо славеа над Микаел Качатарјан (6:1, 6:2), односно Микаел Аветисјан (6:0, 6:1).

Македонскиот дубл Бојан Јанкуловски и Горазд Србљак со 6:4, 6:2 славеа над ерменската комбинација Ашот Геворгјан и Седрак Качатарјан.

Следен противник на македонските тенисери ќе биде Норвешка.

На турнирот во Сан Марино учествуваат 13 репрезентации, а најдобрите две ќе изборат пласман во повисок ранг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП