18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрда Туран ќе остане во Барселона

Арда Туран ќе остане во Барселона

arda barsa

Новиот фудбалер на Барселона, Арда Туран, дефинитивно ќе остане во каталонскиот гигант и по претседателските избори во клубот. Туран кој за сума од 40 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид, во договорот има клаузула дека трансферот може да биде поништен доколку новоизбраниот претседател реши да не го задржи.

Сепак преостанатите четворица кандидати за претседателската функција во Барселона се согласиле дека новиот фудбалер ќе остане во клубот без оглед на тоа кој ќе победи на изборите.

Џозеп Бартомеу, Џоан Лапорта, Тони Фреикс и Агуста Бенедито се преостанатите кандидати, а дека Туран ќе остане во клубот независно од тоа кој ќе биде новиот претседател, се договориле на дебата на TV3.

Според нив доаѓањето на турскиот репрезентативец бил од голем интерес за клубот и поради тоа тој ќе остане на „Ноу Камп“. Инку, во дебатата, четворицата кандидати спореле околу евентуалниот трансфер на Пол Погба, кој е главна цел на Лапорта во овој преоден рок.

„Кој и да победи мора да знае дека имам контакти со неговиот менаџер Мино Рајола, бидејќи соработував со него кога ги носев во клубот Максвел и Ибрахимовиќ“, рекол Лапорта.

На ова констатција Лапорта добил жесток одговор од Џосеп Бартомеу.

„Се сеќавам дека со Ибрахимовиќ загубивме 54 милиони евра. Разговарав лично со претседателот на Јувентус и тој ми соопшти дека Погба не е на продажба“, рекол Бартомеу.

Претседателските избори во Барселона ќе се одржат в недела, а право на глас имаат само оние кои се членови на Барселона најмалку една година и кои живеат во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП