12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗголемен наградниот фонд на УС Опен

Зголемен наградниот фонд на УС Опен

us open 00

Победниците во сингл, во машка и женска конкуренција, на овогодишното издание на Отвореното тениско првенство на САД (УС Опен), ќе заработат по 3,3 милиони долари.

Тенискиот сојуз на САД соопшти дека наградниот фонд во однос на минатата година е зголемен за 10 отсто.

Вкупниот награден фонд на УС Опен за 2015-та година ќе изнесува 42,3 милиони долари. Инаку наградите на последниот тениски Грен слем во сезоната пораснале за две третини во последните три години.

УС Опен има најголем награден фонд од сите Грен слем турнири – за споредба победниците во сингл во Австралија добија по 2,5 милиони, на Ролан Гарос по два милиони, а на Вимблдон по 2,9 милиони долари.

Годинешното издание на Отовреното тениско првенство на САД ќе стартува на 31-ти август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП