18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЈапонците развија поевтин метод за 3Д печатење копии на човечки органи

Јапонците развија поевтин метод за 3Д печатење копии на човечки органи

3d-organi

Најновиот метод на 3Д печатење кој овозможува да се создадат многу прецизни пластични копии на човечки органи многу поевтино отколку досега, го разработија научниците од центарот на јапонските науки – Универзитетот во градот Цукуба, во соработка со компанијата „Dai Nippon Printing“.

Новиот метод овозможува да се отпечатат и тумори, во која и да е големина, за лекарите да можат што полесно да се запознаат со што ќе се сретнат за време на лекувањето или оперативниот зафат. Тоа ќе им дозволи на лекарите не само да му го прикажат визуелно на пациентот коренот на неговото заболување, туку и да практикуваат пробен зафат при операциите на овие тумори.

„На пример, лекарот ќе може да создаде малиген тумор на панкреасот, без да го ‘печати’ притоа и самиот панкреас со што би заштедил значителни дел од средствата“, истакнуваат во „Dai Nippon Printing“. Според експертите на компанијата, тоа, исто така, значително ќе ја олесни симулацијата на операцијата, а пациентот ќе има подобра визуелна претстава за тоа како ќе се одвива третманот.

Направените на 3Д печатари копии на човечките органи веќе неколку години се користат во современата медицина, но нивната цена може во некои случаи да достигне и до неколку илјади американски долари. Методот што сега го предлагаат американските научници овозможува да се отпечати, на пример, копија на црниот дроб за 300 до 400 илјади јени, односно 2.500 до 3.300 долари, што е трипати помалку отколку да се користат претходните технологии.

Трошоците се намалени благодарејќи на поергономскиот пристап и заштедата во материјалите коишто се користат. Креирањето на еден орган, сепак, трае околу една седмица. Сегашното ниво на технологиите сé уште не дозволува да се намали овој рок. Се очекува, дека новата метода ќе биде достапна за широко користење веќе следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП