1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар извлече нерешено во Никозија

Вардар извлече нерешено во Никозија

vardar-apoel

Македонскиот шампион Вардар остана непоразен во Никозија, во првиот натревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Вардар, благодарение на голманот Томе Пачовски, против АПОЕЛ одигра 0:0.

Кипраните го диктираа темпото на играта во текот на целиот меч, создаваа шанси, најдобрите ги пропушти Луис Леал, но немаа решение за расположениот Пачовски. Вардар во Никозија се закани само на почетокот од мечот, во преостанатиот дел од натпреварот беше оријентиран на одбраната и шансата за гол ја чекаше преку контранападите.

„Мечот дома ќе биде исто така тежок. Знам дека АПОЕЛ е тим кој игра едно дома, а сосема друго на гостински терен. Резултатот 0:0 никогаш не е доволен. Ниту победа од 0:2 и 0:3 не треба никогаш ништо да значи во денешниот фудбал. Патникот понатаму зависи од двата натпревари, и сега не чека уште еден исклучително тежок натпревар и во Скопје на реваншот каде што ќе ја имаме поддршката од нашата публика. Уште ништо не е завршено, нема простор за славје. Треба добро да се подготвиме и за реваншот, и да не мислиме дека работата е завршена. Не чекаат 90 тешки минути. Ова е Лига на шампионите и патникот понатаму го одлучува еден момент, една грешка“, рече тренерот на Вардар Сергеј Андреев по мечот.

Реванш натпреварот во Скопје ќе се одигра за една недела во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП